Македонскиот народ, додаде Димовски, очекува денеска да биде изгласан амандманот на ССМ за линеарно покачување на платите од први овој месец
На прашање за евентуална радикализација на протестите, тој одговори дека смета оти нема полошо некој да побара од некого оставка или разрешување, бидејќи не си ја извршува достојно работата. Дополнително, додаде дека незадоволството може да го изразат и во други облици како на пример блокирање улици кога е најавено доаѓање на некоја странаска делегација
Како што најавија, претставниците на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска повторно излегоа пред Собранието и уште еднаш ги упатија своите барања за линеарно покачување на платите и апелираа до пратениците од Комисиајта за финасирање и буџет да го поддржат нивниот амандман по ова прашање.
„Упатувам јасна порака до пратениците кои се членови на таа Комисија и за кои ставивме 14 столчиња со осум жолти картони, бидејќи минатиот пат не го изгласаа тој предлог-амандман за 2 806 линеарно зголемување на платите на работниците, да се освестат и да го изгласаат, бидејќи јавно, оттука им порачувам, сите овие работници, кои што се зад мене го чекаат нивниот глас „за“, ако не биде тоа така, ние јавно ќе побараме со име и со презиме, оставка од тие пратеници, бидејќи, ако дигнат рака за „не“ ќе кажат дека не се за работникот и не се за народот во овие тешки моменти“,
истакна претседателот на ССМ, Дарко Димовски.
Македонскиот народ, додаде Димовски, очекува денеска да биде изгласан амандманот на ССМ за линеарно покачување на платите од први овој месец.
„До први септември може соглсно Законот за минимална плата да се усогласат сите плати, да навистина е така, но нас парите ни се потребни денеска бидејќи денеска е зголемена е струјата за 7,4 проценти до 98 проценти. Тие изнајдоа нова цена на струјата, изнајдоа нова методологја за пресметка на струјата, а не изнајдоа решение и методологија за прсметка на платите за да растат во оваа криза“,
кажа лидерот на ССМ.
Димовски посочи дека продолжуваат со штрајкот и информираше дека во моментов преговараат со пет општини и 12 јавни комунални претпријатија.
„Во јавниот сектор насекаде продолжува штрајкот на своите работни места, но јас мора да повторам, во моментов преговараме со пет општини и 12 јавни комунални претпријатија, тоа ќе го правиме во текот и на другата недела, бидејќи потоа ќе ве викнеме на прес каде што јавно ќе кажеме „другари, не благодарам, не сме повеќе за 2 806 денари, за оние кои што мислиме дека се виновни за тоа ќе си побараме оставки, вклучително тоа дали се пратеници, министри, градоначалници, директори на претпријатија и институции, ќе ги повикаме и ќе ги кажеме, но, и ќе кажеме онаму каде што има ефект, а тоа се 25 јавни комунални претпријатија и во моментов пет општини“,
посочи тој.
На прашање за евентуална радикализација на протестите, тој одговори дека смета оти нема полошо некој да побара од некого оставка или разрешување, бидејќи не си ја извршува достојно работата.
Дополнително, додаде дека незадоволството може да го изразат и во други облици како на пример блокирање улици кога е најавено доаѓање на некоја странаска делегација.
„Бидејќи другари, ние денеска бараме пари за леб, за плаќање на сметки, за одржување на нашите фамилии. Мора да ни биде јасно дека секој ден ќе стоиме рамо до рамо со работниците и ќе штрајкуваме“,
заклучи Димовски.