Бугарскиот министер за внатрешни работи, Бојко Рашков, изутринава го пречека македонскиот колега, Оливер Спасовски, кој заедно со делегација на МВР е во посета на Бугарија.
Рашков рече дека посетата на Спасовски на Бугарија е навремена, со оглед на претстојното започнување на евроинтегративните процеси на Северна Македонија.
Двајцата министри и делегацииите ќе имаат билатерална средба, по што ќе присуствуваат на заедничка вежба на специјалните полициски единици на двете земји.