Синдикатот на УПОЗ посочува дека уште пред неколку години, доставиле предлози до надлежните органи, стручните соработници од судовите и јавните обвинителства со долгогодишно работно искуство да имаат можност, со обука во траење од три до шест месеци, да бидат избрани за судии и обвинители, но до денес немаат одговор
Синдикатото на работниците од управата, правосудството и здруженијата на граѓани – УПОЗ се огласи денеска, откако вчера беше поради блокадата од опозицијата прекината собраниската седница на чиј дневен ред беа предло-дополнувањата на Законот за рабптни односи со кој на 70-тина судии и обвинители ќе им беше продолжена возрасната граница за пензионирање и ќе се избегнеше тие утре да заминат во пензија.
Од синдикалната организација реагираат дека има голем број на стручни соработници, кои ги исполнуваат условите да станат нови судии и обвинители, но и дека не можат тоа да го остварат затоа што „така на некому му одговара“.
„Наместо да се ‘тепаат’ во Собрание, за продолжување на мандатите на судиите и јавните обвинители, спротивно на Устав и Закони, нека погледнат во сопствените дворови и ќе видат дека има над 300 стручни сорабоници во судовите и јавните обвинителства, кои и те како ги исполнуваат условите за избор на судии и обвинители“,
се вели во соопштението од УПОЗ.
Синдикатот на УПОЗ посочува дека уште пред неколку години, доставиле предлози до надлежните органи, стручните соработници од судовите и јавните обвинителства со долгогодишно работно искуство да имаат можност, со обука во траење од три до шест месеци, да бидат избрани за судии и обвинители, но до денес немаат одговор.
„Дрското кршење на Уставот и Законите, само за одредена категорија на вработени, е класична дискриминација на сите останати граѓани/вработени во општеството. Да се даде огромно право на Судскиот совет, да продолжува мандати на кого сака и кога сака, а притоа да ги избегнува сите барања за средба со Синдикатот на УПОЗ, ја прави оваа институција автократна а Претседателот на институцијата апсолутен владетел“,
реагираат од УПОЗ.
Од УПОЗ посочуваат дека стручните соработници со судовите и обвинителствата, ги извршуваат истите работни задачи како и судиите, за трипати пониска плата и поголема одговорност и прашуваат:
„Дали фактот дека Академијата за судии и јавни обвинители која е преполна со деца на функционери, има врска со предложената законска измена?“,
прашуваат од УПОЗ.
Според образложението на предлог-измените на Законот за работните односи, чиј предлагач е Министерството за труд и социјална политика, продолжувањето на работниот век на 60 судии и 13 обвинители до 67 години старост е од суштински јавен интерес и ќе овозможи моментално непречено извршување на судската власт како есенција на владеењето на правото. Со пензионирањето на судиите многу тековни судски предмети ќе се вратат на почеток.
Пред да дојдат на пленарна седница, предлог-дополнувањата на Законот за работни односи беа во Комисијата за европски прашања, каде во два наврати дојде до судири меѓу власта и опозицијата која е против ваквите измени. На првиот ден дојде до инцидент кој за малку не заврши со физика пресметка.