Секогаш е отворена поканата да се придружат и да дадат свој предлог. Идејата е да постапи по препораките на на ОБСЕ и ОДИХР, изјави министерот за правда
И без ВМРО-ДПМНЕ ќе почнеме да работиме на измените на Изборниот законик кажа денеска министерот за правда Никола Тупанчески, кој минатата недела уште еднаш упати отворена покана до опозицијата за да и се приклучи на Комисијата.
„Пратен е уште еден допис до ВМРО-ДПМНЕ доколку не се произнесат ќе почнеме да работиме на Изборниот законик. Секогаш е отворена поканата да се придружат и да дадат свој предлог. Идејата е да постапи по препораките на на ОБСЕ и ОДИХР“,
изјави Тупанчески.
„Не секогаш се лесни начините со коишто се стигнува до соодветно решение, меѓутоа ќе направиме се и натаму она што го ветивме пред граѓаните, она што го ветивме пред себе си да добие и своја реализација. Така што не се откажуваме, и натаму продолжуваме со активностите коишто се поврзани со донесување на нов Изборен законик“,
рече Тупанчески на денешниот Регионален форум на тема „Хашката конвенција 2019-Очекувања за Западен Балкан”.