Руското МНР потврди дека на грчката амбасадорката во Москва и била врачена нота со која осум грчки дипломати се прогласуваат за непожелни во Русија, а кои се должни да ја напуштат земјата во рок од осум дена
Руското Министерство за надворешни работи денеска на грчката амбасадорка во Москва ѝ врачи нота за протерување на осум грчки дипломати од земјата.
„Во Министерството за надворешни работи денеска е повикана амбасадорката на Грција во Русија, Екатерина Насика, на која и беше врачен протест заради политиката на конфронтација на грчките власти кон Русија, влучувајќи ги и испораките на вооружување и воена техника за режимот во Киев и протерувањето на руски дипломати“,
се наведува во соопштението на руското Mинистерство.
Министерството потврди дека на амбасадорката и била врачена нота со која осум грчки дипломати се прогласуваат за непожелни во Русија, а кои се должни да ја напуштат земјата во рок од осум дена.
„Посочено е дека во случај да продолжи антируската политика ќе го задржиме правото на адекватен одговор“,
се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија.
Рускиот амбасадор во Атина претходно изјави дека Грција повеќе не е соодветна дестинација за одмор за руските туристи бидејќи бранот на русофобија поттикнат од грчкото раководство не стивнува.