Реакцијата на Медведев следи откако Молдавија на самиот на ЕУ во Брисел доби кандидатски статус за членство во ЕУ, заедно со Украина
Молдавија ја губи својата државност според украинското сценарио, ставајќи ја омразата кон Русија пред се, објави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев на својот канал Телеграм.
Тој додаде дека забрзаната девалвација на молдавската државност ги следи украинските модели, каде омразата кон Русија станува главен приоритет.
Медведев исто така изјави дека Молдавија усвоила „морничав закон“ со кој се забранува георгиевската лента, која стана симбол на победата над нацизмот и нагласи дека руските медиуми се „искоренуваат“ во таа земја, а непосакуваните опозициски лидери се затвораат под измислени обвинувања.
Реакцијата на Медведев следи откако Молдавија на самиот на ЕУ во Брисел доби кандидатски статус за членство во ЕУ, заедно со Украина.
Тој понатаму тврди дека процесот за влез на Молдавија во Европската унија ќе трае со децении, а ќе биде олеснет со создавање на „нова Голема Романија“, која ќе ја „проголта“ Молдавија бидејќи, според него, романските политичари долго време „си поигруваат“ со Молдавија, го пренесува Н1 пишувањето на пренесува Комерсант.
Медведев тврди дека романските власти отворено бараат различни можности за „легално преземање“ на Молдавија. Тој не даде примери за тие тврдења, но вели дека половина од молдавското население е против такво спојување.
Тој ја обвини молдавската претседателка Маја Санда дека е „подготвена да се откаже од државноста со еден потег“, бидејќи, според поранешниот руски претседател и премиер, таа има и романско државјанство и ѝ била ветена висока позиција во „новата голема Романија“.
„Во обид да ги задоволат своите нови господари, тие се подготвени да се приклучат на европските санкции против Русија. Па, нека се обидат. Во тој случај, можам да бидам сигурен дека не само што нема да добијат енергија од нас по висока цена, туку нема да ја добијат воопшто“,
заклучи Медведев.