Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников денеска соопшти дека во таа земја пристигнале американски артилериски ракетни системи (ХИМАРС).
„Благодарност до мојот американски колега и пријател, секретарот за одбрана Лојд Остин, за овие моќни системи. Летото ќе биде жешко за руските окупатори. И последно за некои од нив“,
објави Резников на Твитер.
Според британски медиуми, украинскиот министер за одбрана не открил како артилериските ракетни системи пристигнале во земјата.
Претходно во САД беа одобрени средства за дополнителна воена помош на Украина, а и претседателот Џо Бајден го најави испраќањето на овие ракетни системи, со цел да и се помогне на оваа земја каде и натаму е активна војната со Русија.