Денеска, како што соопшти Пендаровски, стигна агреманот за господинот Зоран Попов од американска страна за тој да биде нов македонски амбасадор во Вашингтон
Инаку, Попов е актуелен државен секретар во Министерството за надворешни работи
Актуелниот државен секретар во Министерството за надворешни работи, Зоран Попов треба да биде нов амбасадор на Северна Македонија во Соединетите Американски Држави, изјави шефот на државата, Стево Пендаровски во вечерашното интервју за Телевизија 24.
„Денеска стигна агреманот за господинот Зоран Попов. Добивме согласност од американска страна. Се надевам дека до септември ќе имаме амбасадор во Вашингтон“,
рече Пендаровски.
Република Северна Македонија нема амбасадор во САД веќе четири и пол години.
Последен македонски амбасадор во Вашингтон беше Васко Наумовски во периодот од 2014 до 2018 година.