Клиниката за кожни болести ќе биде целосно затворена, севкупниот персонал ќе треба да остане во двенеделна домашна изолација, а пациентите се веќе пуштени дома, велат од Министерството за здравство. Одлуката доаѓа откако тестот за коронавирус на директорката на Клиниката, која пред пет дена се вратила од Италија, а во меѓувреме одела на работа, бил позитивен.
Во моментов во Клиниката се присутни епидемиолози и уште неколкумина вработени, чија задача е да ги подготват просториите за дезинфекција. Клиниката ќе остане затворена во следните две недели.
За пациентите се смета дека можат да го продолжат лекувањето и во домашни услови.

Министерот Венко Филипче, на прес-конференција, соопшти дека се идентификуваат сите лица со кои лекарката контактирала во изминатите пет дена, било да се работи за семејство, пријатели, колеги или пациенти. Среќна околност, според Филипче, е што таа изминатите пет дена немала ангажман во амбулантата, каде што има и најголема фреквенција на пациенти.
*поврзана вест ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и директорката на Клиниката за кожни болести веднаш да поднесат оставки
*поврзана вест Директорката на Клиниката за кожни болести е заразена со коронавирус – наместо во самоизолација, пет дена одела на работа (ВИДЕО)