Доскорешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, ја коригираше грешката што ја стори сношти, кога наместо Марк Медоуз, извести дека за свој шеф на кабинетот Доналд Трамп го именувал демократскиот конгресмен Марк Покан, влијателен член на групата за поддршка на ЛГБТ-заедницата.
Останатиот дел од твитер-објавата има иста содржина. Ѓорчев публикуваше неколку фотографии, меѓу кои и една на која тој е сликан заедно со Медоуз.
Во писмениот дел, Ѓорчев изразува надеж дека ќе продолжи градењето силни односи и пријателство со САД.