Во Италија од петок до сабота се регистрирани нови околу 1250 случаи на заразени од коронавирусот.Поконкретно, бројот на заразени со вирусот се искачи од 4636 на 5883 што е пораст за 1247 случаи, јавува Анса. Бројот на починати, пак, изнесува 233 лица, што е пораст за 36 за еден ден.
Италијанските власти соопштија дека дополнително ќе бидат вработени околу 20 илјади здравствени работници за справување со ситуацијата со коронавирус.