Во извештајот од бирото се вели и дека Медведчук ги потпомагал руските лидери, така што вршел субверзивни активности против Украина
Украинското државно биро за истрага ја заврши предсусдската истрага против прорускиот политичар Виктор Медведчук, кој е обвинет за предавство, соопштија денеска властите во Киев.
Медведчук, кого во Киев го сметаат за еден од најблиските пријатели на рускиот претседател Владимир Путин, се соочува со 15 години казна затвор, доколку биде обвинет за предавство и кршење на законите, се додава во соопштението на украинското биро.
Во извештајот од бирото се вели и дека Медведчук ги потпомагал руските лидери, така што вршел субверзивни активности против Украина, вклучувајќи и собирање на податоци за локациите на војската.
Медведчук иначе е лидер на опозициската партија „За живот“, а се наоѓа во притвор уште од април.