Народниот правобранител, како што додаваат од неговата канцеларија, согласно законски определениот мандат и надлежности, меѓу другото, за заштита и остварување на правата на децата, навремено презеде дејствија и достави укажување до градоначалникот на Општина Карпош и до претседателот на Советот на Општината, за констатирана повреда на правата на децата згрижени во детските градинки во Општина Карпош
Со донесената одлука, додаваат оттаму, се врши повреда на правата на децата, им се наштетува на овие деца и се постапува спротивно на најдобриот интерес на децата загарантиран со Конвенција за правата на детето и со Законот за заштита на детето
И канцеларијата на народниот правобранител се огласи во врска со одлуката на Советот на Општина Карпош за отпуштање на децата од детските градинки кои немаат место на живеење во оваа општина најдоцна до 10 јуни. Советот на Општина Карпош, велат од канцеларијата на народниот правобранител, ги повредил правата на децата згрижени во детските градинки на оваа општина.
„Народниот правобранител согласно законски определениот мандат и надлежности, меѓу другото, за заштита и остварување на правата на децата, навремено презеде дејствија и достави укажување до градоначалникот на Општина Карпош и до претседателот на Советот на Општината, за констатирана повреда на правата на децата згрижени во детските градинки во Општина Карпош“,
велат од канцеларијата на Народниот правобранител.
Со донесената одлука, додаваат оттаму, се врши повреда на правата на децата, им се наштетува на овие деца и се постапува спротивно на најдобриот интерес на децата загарантиран со Конвенција за правата на детето и со Законот за заштита на детето. Воедно, како што посочуваат, се постапува и спротивно на Уставот на Република Северна Македонија.
Претходно денеска, и од Хелсиншкиот комитет за човекови права укажаа дека одлуката на Општината не може да се применува ретроактивно, односно не може да ги опфати децата кои претходно биле уредно запишани во градинките. Таа, нагласуваат, може да важи само од моментот на нејзиното донесување.