Како причина за новата малопродажна цена на дизелот, од Регулаторната комисија ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензините за 2,027 отсто и кај дизелот за 2,774 отсто, како и за 0,101 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот
Од полноќ дизелот поскапува за два денари по литар, а цената на другите горива останува иста и денеска нема да се менува, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 отсто.
Според новата одлука на РКЕ, новата малопродажна цена на еуродизел БС (Д-Е V) ќе изнесува 99,5 денари за литар, еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 107 денари, а еуросупер БС-98 за 109 денари. Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) ќе се продава за 95,5 денари за килограм, додека цената на мазутот М-1 НС ќе остане 54,64 денари за килограм.
Како причина за новата малопродажна цена на дизелот, од Регулаторната комисија ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензините за 2,027 отсто и кај дизелот за 2,774 отсто, како и за 0,101 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.