Станува збор за Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ при УКИМ, Универзитетот на Југоисточна Европа и Американскиот универзитет на Европа – ФОН. Се очекува до март следната година да ја воведат медиумската писменост во наставните програми
Четири високообразовни институции од земјава добија грант за воведување медиумска писменост во студиските програми во рамките на проектот за медиумска писменост на УСАИД, реализиран од страна на ИРЕКС заедно со Институтот за комуникациски студии (ИКС), „Младите размислуваат“.
Станува збор за Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ (УКИМ), Универзитетот на Југоисточна Европа и Американскиот универзитет на Европа – ФОН.
Целта на проектот во рамки на кој се избрани четирите факултет има за цел да ги поттикне високообразовните институции на заедничка работа со студентите и унапредување на истражувањата во областа.
На презентацијата на добитниците на грантот, програмската координаторка на ИКС, Александра Теменугова, изјави дека целите на проектот се слободата и непреченото користење на новите медиуми, како и препознавањето на ризиците што ги носи дигиталната ера.
„Тоа подразбира да се стремиме сите подеднакво да ги стекнеме неопходните знаења, вештини и компетенции за медиумска писменост“,
изјави Теменугова.
Дел од настанот беше и директорот на проектот Михајло Лахтов, кој моментално е координатор на повеќе активности од други институции, со цел воведување на медиумската писменост во формалното образование.
„Медиумската писменост е последната алка во нашата цел и нашите напори систематски да ја вклучиме медиумската писменост во образованието, во основното образование, во прво одделение, до крајот на основното образование, во средното образование, за да го гледаме високото образование како еден последен дел од таа целина којашто ние се обидуваме да ја видиме, медиумската писменост вклучена во формалниот дел од образованието“,
кажа Лахтов.
На настанот беа присутни и некои од добитниците на грантот, кои се очекува до март следната година да ја воведат медиумската писменост во наставните програми на факултетите.