Сателитите од бразилскиот Национален институт за вселенски истражувања (ИНПЕ) забележале 2 287 пожари во Амазон во мај, што е речиси двапати повеќе во споредба со истиот месец минатата година. Тоа, воедно, е втор најразорен мај во историјата на Амазонската Шума, по рекордот од 2004 година, кога имало 3 131 пожар
Бразил во мај регистрира најголем број пожари во Амазонската Шума од 2004 година и апсолутен рекорд за регионот Сарадо, според официјалните податоци од најновиот извештај објавени во средата.
Сателитите од бразилскиот Национален институт за вселенски истражувања (ИНПЕ) забележале 2 287 пожари во Амазон во мај, што е речиси двапати повеќе во споредба со истиот месец минатата година. Тоа, воедно, е втор најразорен мај во историјата на Амазонската Шума по рекордот од 2004 година, кога имало 3 131 пожар.
Во регионот Серадо минатиот месец се регистрирани 3 578 пожари, што е најголема бројка од 1988 година, кога Институтот почна да води евиденција.
Еколозите сигнализираат оти има повеќе шумски пожари и загуба на шума од доаѓањето на власт на претседателот Жаир Болсонеро во јануари 2019 година.
„Податоците за мај не се исклучок, тие се дел од тенденцијата за уништување на околината во изминатите три години, што е резултат на намерна владина политика“,
тврди директорот на бразилскиот огранок на Светскиот фонд за природа, Маурисио Војводиќ, кој додава дека Бразил ќе плати висока цена во иднина поради тоа што владата на Болсонеро ја занемарува науката.
Еколошката политика на претседателот Болсонеро е критикувана од меѓународната заедница, затоа што тој поддржува рударска и земјоделска активност во заштитени подрачја, вклучително и на домородните територии.