Говорејќи за економската состојба во земјава, за која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека Владата не може да се справи со неа, рече дека е лоша слика за земја која е кандидат за членка во Европската Унија, посебно во услови, како што додаде, кога лобираме тоа побрзо да се случи
Инаку, вчера пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата најави дека ќе поднесе предлог-закон со кој прехранбените производи би биле ослободени од ДДВ до крајот на годината, односно до 31 декември 2022 година, а дополнително ќе бараат и ДДВ за течните горива да биде пет отсто до крајот на оваа година
Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој во моментов е во Ротердам на конгресот на Европската народна партија, во своето вклучување во вестите на ТВ Алфа говореше за лошата економска состојба во земјава и, како што рече, неспособноста на Владата да се справи со неа.
„Најпрвин беше енергетската капитулација, го гледавме како се пенави оној претседател на Регулаторната комисија за енергетика најавувајќи дека минимум 10 проценти ќе бидат сметките за електрична енергија повисоки од 1 јули“,
рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Сега, како што додаде Мицкоски, Владата се однесува насилнички кон граѓаните и го игнорира предлогот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Даночната стапка да речеме за определени артикли да биде продолжена, да не биде укината овластената даночна стапка, како што е сега тоа случајот, исто и за горивата се однесува на редиците. Бевме и сведоци како во 90-тите, како во времето на транзицијата“,
додаде тој.
Опозицискиот лидер рече дека тоа е лоша слика за земја која е кандидат за членка во Европската Унија, посебно во услови, како што додаде, кога ние тука сме да лобираме тоа побрзо да се случи.
Инаку делегација на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски во моментов е во посета на Ротердам по повод учество на 27. конгрес на Европската народна партија.
Инаку, вчера пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата најави дека ќе поднесе предлог-закон со кој прехранбените производи би биле ослободени од ДДВ до крајот на годината, односно до 31 декември 2022 година, а дополнително, ќе бараат и ДДВ за течните горива да биде пет отсто до крајот на оваа година.
Предлогот на опозицијата доаѓа во пресрет на прекинот на важност на мерката за нула отсто ДДВ на основните прехранбени производи, која Владата ја донесе во март, а важеше до вчера. Од денеска, пак, основните продукти во маркетите како леб, млеко, јајца, брашно, ориз, масло за јадење и шеќер се со нови цени кои во себе вклучуваат и пет отсто данок на додадена вредност односно ДДВ.