Надлежните тврдат дека овој објект на светско културно наследство од 6 век, нарачан од византискиот император Јустинијан за да го украси Константинопол (денешен Истанбул), претрпе голема штета откако е претворен во џамија
Турските власти ги засилија безбедносните мерки на „Аја Софија“ поради се поголемиот број вандалски инциденти кога посетителите кршат од ѕидовите за сувенир. Вкупно 70 чувари работат во смени во зградата, заедно со туристичката полиција, пишува турскиот весник „Хуриет“.
Посетителите ги стругаат ѕидовите на поранешната православна црква „Света Софија“ во Истанбул за да земат мали парчиња како сувенири. Надлежните тврдат дека овој објект на светско наследство од 6 век, нарачан од византискиот император Јустинијан за да го украси Константинопол (денешен Истанбул), претрпе голема штета откако е претворен во џамија. Документирани се скршени парчиња, вклучувајќи ја и царската порта стара 1 400 години и други делови, како и скршен сад за вода.
Изградена во 537 година како најголема христијанска црква во Источното Римско Царство, „Света Софија“ е претворена во џамија во 1453 година по освојувањето на Истанбул.
Комплексот останал џамија до 1935 година, кога повторно бил отворен по четири години затворање како музеј. Во јули 2020 година, Државниот совет ја поништи одлуката од 1934 година за основање на музејот и Аја Софија повторно беше отворена во функционална џамија.
Се проценува дека 40 000 луѓе ја посетуваат секој ден.