Од ССМ бараат Економско социјалниот совет и членовите да се изјаснат за вистинооста на овие информции, бидејќи во спротивно, како што велат, ќе сметаат дека и членови на Владата се вклучени во подготовка на предлог текстови на Законот за работните односи и Законот за трговија за уназадување на работничките права и дека свесно не ги почитуваат претставниците на работниците и работодавачите и се прави голем преседан по основ на кршење на работничките права
Сојузот на синдикатите на Македонија бара итна средба на Економско-социјалниот совет на која како единствена точка ќе се разгледува прашањето за недела-неработен ден.
„Загрижени сме поради информациите дека групи на пратеници и министерот за економија Бектеши, изготвувале предлог текстови на Законот за работните односи и Законот за трговија со кои планираат да се уназадуваат и кратат работнички права во поглед да се озаконуваат незаконитостите, наспроти очекувањата на работниците и ССМ за доследно да се почитуваат Законот за трговија и Законот за работните односи во делот на зако¬нските измени за недела – неработен ден односно ден за неделен одмор и да не се озаконуваат незаконитостите“,
се вели во денешното соопштение од ССМ.
Оттаму посочуваат дека најавените предлог закони со самото тоа што веќе се доставени до Собранието тоа е сторено без социјален дијалог и претставува потценување на претставниците на работниците и работниците во целина што е недозволиво.
Притоа, потсетуваат дека со законските измени, Сојузот на синдикатите на Македонија и социјалните партнери обезбедија можност неопходните дејности кои заеднички се утврдени во исклучоците да имаат можност да работат во недела, но за тоа да платат додаток на плата за најмалку 50 до 100%.
„Сметаме дека ваквите чекори го уназадуваат социјалниот дијалог во државата и го миноризираат Економско социјалниот совет и договорите помеѓу работниците, работодавачите и Владата и на таквиот начин го оневозможуваат правото на најзасегнатите страни да учествуваат во социјалниот дијалог преку кој во изминатиот период се донесоа многу значајни решенија за сите“,
велат од ССМ, додавајќи дека не смее да се дозволи за овие важни прашања да се елиминираат ставовите и улогата на социјалните партнери, што ќе значи и немање на социјален дијалог во државата што не е од интерес на ниту една страна или чинител во општеството.
Од ССМ бараат Економско социјалниот совет и членовите да се изјаснат за вистинооста на овие информции, бидејќи во спротивно, како што велат, ќе сметаат дека и членови на Владата се вклучени во подготовка на предлог текстови на Законот за работните односи и Законот за трговија за уназадување на работничките права и дека свесно не ги почитуваат претставниците на работниците и работодавачите и се прави голем преседан по основ на кршење на работничките права.