Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. УВ ќе биде 6
Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. УВ ќе биде 6.
Од УХМР информираат дека наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.
Во Скопје, времето ќе биде, променливо облачно. Од претпладне ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Од понеделник ќе се намали нестабилноста и повторно ќе преовладува потопло време.
За вчерашноо невреме, од УХМР соопштија дека на мерна станица Ѓуриште е измерено најголемо количество дожд, 54 литри на квадратен метар во изминатите 24 часа.
Во изминатото деноноќие, според мерењата во 8 часот, 21 литар на квардатен метар наврнат воден талог имало во Крива Паланка, 17 во Тетово, осум во Пожаране, седум во Битола и Виница, пет литри во Прилеп и Крушево, четири во Штип, три литри на мерна станица Скопје – Зајчев Рид и Охрид, два во Демир Капија и Берово и еден литар во Струмица и Маврово.
„Во првиот дел од ноќта беше нестабилно со грмежи и појава на пороен дожд во Скопско и во поголем дел на североистокот од земјава. До изутрина преовладуваше малку до умерено облачно, а утрово во поголемиот дел од земјава има значителна ниска облачност. Утрово дува и слаб ветер со променлив правец“,
соопшти УХМР.