По упатувањето на томосот за автокефалност од СПЦ до Вселенската патријаршија, сега ќе треба да следи и официјалното прогласување од страна на вселенскиот патријарх Вартоломеј
Српската православна црква (СПЦ) на заедничка литургија во Соборниот храм „Климент Охридски“ во Скопје објави дека Соборот едногласно одлучил да признае автокефалност на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА).
Веста ја објави српскиот патријарх Порфириј во обраќањето од соборниот храм, а истата беше проследена со долг и громогласен аплауз од присутните верници во и околу црквата.
По упатувањето на томосот за автокефалност од СПЦ до Вселенската патријаршија, сега ќе треба да следи и официјалното прогласување од страна на вселенскиот патријарх Вартоломеј.
Во продолжение погледнете ја галерија од денешната заедничка литургија на СПЦ и МПЦ-ОА во Скопје.

















Денешната литургија во Скопје на која СПЦ ја објави одлуката следува по заедничката литургија на помирување што се одржа минатата недела во храмот „Свети Сава“ во Белград, а која, исто така, ја сослужуваа српскиот патријарх Порфириј и архиепископот Стефан.
Заедничките литургии во Белград и Скопје доаѓаат откако на 9 месецов, Вселенската патријаршија донесе одлука за признавање на црковната јерархија на Охридската архиепископија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет.