Примарните мерки за контрола на епидемијата се следење на контакт и изолација
Светот се соочува со „страшни“ предизвици, вклучувајќи ги ковид, војната во Украина и мајмунски сипаници, предупреди првиот човек на Светската здравствена организација.
Тедрос Адана Гебрејесус зборуваше во Женева, каде експерти од здравствената агенција на ОН разговараа за појавата на мајмунски сипаници во 15 земји надвор од Африка.
Повеќе од 80 случаи се потврдени во Европа, САД, Канада, Австралија и Израел.
Сепак, СЗО вели дека ризикот за пошироката јавност е низок.
Епидемијата ги изненади научниците, а британските здравствени власти издадоа ново упатство, според кое високоризичните контакти со пациентите треба да се изолираат три недели. Белгија стана првата земја што во петокот објави тринеделен карантин за заразените лица.
„Додека зборуваме овде, нашите колеги ширум светот реагираат на појавата на ебола во Демократска Република Конго, мајмунски сипаници и хепатитис од непозната причина и сложени хуманитарни кризи во Авганистан, Етиопија, Сомалија, Јужен Судан, Сириската Арапска Република, Украина и Јемен…Се соочуваме со ужасна конвергенција на болести, суша, глад и војна, поттикнати од климатските промени, нееднаквоста и геополитичкото ривалство“,
додаде шефот на СЗО.
СЗО претходно соопшти дека истражува голем број други случаи за кои се сомнева дека се мајмунски сипаници – без да ги именува вклучените земји – и предупреди дека најверојатно ќе бидат потврдени уште повеќе инфекции.
Откако епидемијата првпат беше идентификувана во Британија, вирусот почна да се шири низ Европа – а агенциите за јавно здравје во Шпанија, Португалија, Германија, Белгија, Франција, Холандија, Италија и Шведска ги потврдија сите случаи.
Нови случаи беа потврдени во Австрија и Швајцарија во неделата.
Иако не постои специфична вакцина против овие сипаници, неколку земји рекоа дека имаат вакцини против сипаници, кои се околу 85 проценти ефикасни во спречувањето на инфекцијата, бидејќи двата вируса се доста слични.
Нема потреба од масовна вакцинација
Светската здравствена организација не верува дека појавата на мајмунски сипаници во Европа и Северна Америка бара масовни вакцини.
„Засега мерките како што се добра хигиена и безбедно сексуално однесување ќе помогнат да се контролира ширењето“,
рече Ричард Пибоди, кој го води тимот на СЗО за високи патогени закани во Европа.
Пибоди нагласи дека сегашните залихи на вакцини се релативно ограничени.
Примарните мерки за контрола на епидемијата се следење на контакт и изолација, рече тој.
Јавните здравствени власти во Европа и Северна Америка истражуваат над 100 сомнителни и потврдени случаи на мајмунски сипаници.