Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења да се внимава и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја
На повеќе места особено во западните делови денеска и утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
„Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град“,
соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
И во делови од скопската котлина се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер.
Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења да се внимава и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.