Полицијата информира дека С.Б. (34) од скопското село Ласкарци е лишен од слобода откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една пушка- карабин и повеќе куршуми за него и една ловечка пушка.
Како што информира МВР, акцијата ја извеле полициски службеници од одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР во координација со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.