Инцидентот се случил по полноќ односно неколку часа по собирот во центарот на Париз по повод реизборот на Емануел Макрон на кој присуствуваа неговите поддржувачи, а тој имаше и говор

Француската полиција синоќа уби две лица и тешко рани трето лице во центарот на Париз откако тие со автомобил возеле со поголема брзина и не застанал по предупредувањето од полицајците.
Инцидентот се случил на мостот „Понт Неф“, кој се наоѓа недалеку од музејот „Лувр“.
Француските медиуми пренесуваат дека автомобилот се движел со брзина поголема од дозволената и наместо да застане на полицискиот контролен пункт, возачот ја зголемил брзината и тргнал кон полициската блокада. Од тие причини полицијата била принудена да реагира и да пука кон возилото.
Инцидентот се случил по полноќ односно неколку часа по собирот во центарот на Париз по повод реизборот на Емануел Макрон на кој присуствуваа неговите поддржувачи, а тој имаше и говор.