Според одлуката на РКЕ, цената на eкстра лесното масло за домаќинство се зголемува за два денари и ќе се продава по цена од 82,5 денари за литар
Цените на горивата остануваат исти, а цената на eкстра лесното масло за домаќинство од полноќ се зголемува за два денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Според оваа одлука, eкстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 82,5 денари за литар.
Цените на горивата, пак, остануваат исти: еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 81,50 денари за литар, eуросупер БС-98 по цена од 83,50 денари за литар, дизелот за 82,50 денари за литар, а мазутот по цена од 51,599 денари за килограм.
Како што посочи РКЕ, корекцијата на цените е направена затоа што биле исполнети предусловите.
Со последните измени на Правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати, РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на кој било нафтен дериват оди нагоре или надолу за два денари.
