Ова е во рамки на Националниот план за производство на храна чија цел е да поттикнат земјоделците кон поголемо производство на стратешки земјоделски култури
Владата се согласи да се распише оглас за давање под закуп на ново земјоделство земјиште во државна сопственост. Огласот ќе биде за површини над три хектари и ќе се спроведува по пат на електронско јавно наддавање кое ќе го спроведе посебно формирана комисија.
„Давањето во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари е дел од пакетот мерки предвидени со Националниот план за производство на храна којшто веќе се имплементира, се поттикнуваат земјоделците да се насочат кон зголемено производство на стратешките земјоделски култури“,
велат од Владата.
Целта е, додаваат оттаму, справување со светската криза, обезбедување достапна и поевтина храна и увозна независност.
