Министерот за внатрешни работи на Германија, Хорст Зехофер не сакаше денеска да се ракува со канцеларката Меркел.
Причина за тоа е неговото стравување од коронавирусот.
На снимката се гледа дека Меркел влегува на состанок на кој присуствува и шефот на германската полиција. Таа му ја пружа својата рака за да го поздрави, но тој ја одбива.

Канцеларката само се насмевнува и му вели дека има разбирање за неговата одлука.

Министерот Зехофер уште минатата недела одлучил се додека трае опасноста од вирусот, тој да не се поздравува со никого.