Mакедонските власти ја засилија безбедноста на јужната граница. Од денеска е зголемен бројот на припадници на полицијата и на Армијата распоредени на делот кон Грција, а потврдени се и оперативните планови за дополнителен ангажман во случај на натамошен раст на бројот на мигранти.
Ова се мерките кои ги одреди Комитетот за управување со кризи. На состанокот одржан денеска Комитетот ја разгледувал актуелната состојба и мерките што треба да се преземат за справување со евентуален нов бран мигранти.
Оттаму велат дека поради претходните искуства со бегалските кризи, државата има веќе воспоставен систем кој е подготвен и функционален да одговори на предизвиците со кои Македонија би се соочиле како транзитна земја.

Комитетот информира дека и во 2019 година е продолжена кризната состојба на јужната граница а според таа одлука, сите институции кои имаат обврски во услови на зголемен притисок на нашите граници се обврзани да го засилуваат своето присуство и ангажман.
Од Комитетот укажуваат дека македонските власти внимателно ја следат ситуацијата и се во постојана комуникација со партнерите од НАТО и од ЕУ.
Поврзани вести:
Турција се закани дека ќе ги пушти сириските бегалци кон Балканот и Западна Европа
Грција бара итен состанок на министрите за надворешни на ЕУ поради напливот мигранти