Во официјалната статистика на Министерството за здравство се наведува дека од почетокот на пандемијата со ковид-19 , досега во оваа земја се направени 1 780 345 тестови, а позитивни биле 273 870 лица
Во Албанија и официјално е потврдено присуството на подваријантата на омикрон БА2, откако во Институтот за јавно здравје пристигнал официјален допис од референтната лабораторија во Берлин, каде биле испратени мостри за анализа, јави дописничката на МИА од Тирана.
„Сега почна благ раст кога станува збор за нови случаи на заразени, како и на пациенти на кои им е неопходен болнички третман. Подваријантата на омикрон има 30 отсто поголема преносливост отколку омикрон“,
пренесува Топ чанел.
Според истиот извор, сите здравствени структури се ангажирани за што поголем опфат со имунизација на населението.
„Вакцинацијата е многу важна, може да не даде максимална заштита, но доколку дојде до зараза од кој било вид мутација болеста полесно се надминува“,
апелираат од Институтот.
Во официјалната статистика на Министерството за здравство се наведува дека од почетокот на пандемијата со ковид-19 , досега во земјата се направени 1 780 345 тестови, а позитивни биле 273 870 лица, оздравеле 269 862, починале 3 492, додека активни се 516 слиачи.
Што се однесува до вакцинацијата, 49 отсто од популацијата примиле една, додека 45 отсто две дози вакцина.