Претседателот и потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Александар Николоски, се во Унгарија во седиштето на партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан, каде ги чекаат резултатите од денешните парламентарни избори.
На својот Фејсбук-профил, Мицкоски напиша дека очекува Орбан да добие нов, четврти мандат.
„На покана на нашиот голем пријател и пријател на Македонија, Виктор Орбан, денес заедно со потпретседателот Александар Николовски ги чекаме резултатите од парламентарните избори во Унгарија, во изборниот штаб на Фидес. чекуваме нова, четврта по ред победа за Фидез и нов четврти по ред премиерски мандат на Виктор Орбан!“,
напиша Мицкоски.