Во последните 24 часа регистрирани се нови 196 случаи на ковид-19 од направени 2 067 тестови, информира Министерството за здравство.
Од новите случаи, 105 се во Скопје, 30 во Битола, 13 во Прилеп, 11 во Охрид, седум во Куманово, по четворица во Штип и Виница, по тројца во Велес, Кичево, Струга и Гевгелија, по двајца во Кавадарци, Струмица и Ресен и по еден нов случај е регистриран во Гостивар, Кочани, Неготино и Свети Николе.
Од вкупниот број на позитивни (196), регистрирани се 38 реинфекции.
Регистрирани сe 23 оздравени пациенти од: Кавадарци – 7, Битола – 5, Делчево – 3, Велес -2, Гостивар, Кичево, Кочани, Гевгелија, Неготино и Ресен по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Битола (81г), во болнички услови.
Досега во земјата направени се вкупно 1 969 035 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 306 670, бројот на оздравени пациенти е 295 457, на починати 9 228, а бројот на активни случаи изнесува 1 985.
