Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Сител рече дека пописот е нелегитимен затоа што, според него, му недостасува точност и комлетност.
„Над 132 000 граѓани резиденти во Македонија воопшто не се попишани и не ги знаеме одговорите на трите клучни прашања за нив во политичкиот дел, а тоа е националноста, мајчиниот јазик и преферираниот јазик или етницитетот. И вториот проблем кој што е уште поголем е онаа кампања што се тераше во дијаспората за доброволно регистрирање и таа личи на фарса, затоа што таму не се регистрирани околу 400 000 луѓе кои што имаат македонски пасоши, но не учествувале во тој процес. Кога ќе се собарет овие бројки, тогаш над 500 000 граѓани ги немаат кажано основните параметри етнички односно политички параметри и тоа го прави пописот целосно некомплетен. Па, ако сакате да го гледаме во неговата целина тој попис има сериозни недостатоци кои што медиумите и денеска ги наоѓаат“,
појасни Андоновски.
Андоновски посочи дека оттука не може да се заклучи дека овој попис е целосно добар, по европски стандарди и одлично направен, туку има сериозни недостатоци кои што креираат политички тензија и фрустрација.