Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“, во кое статистиката за ковид-19 ја вкрстуваме со вкупниот број починати и просекот од изминатите години, се емитува вечерва (28 март 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во ова издание:
-Во двете ковид-години во Северна Македонија починале околу 13 500 луѓе (33%) повеќе од очекуваниот просек: Од нив 8 000 се регистрирани каков ковид-19, што е со останатите 5 500;
-Липково ја предводи неславната листа на повеќе починати во време на ковид од очекуваниот просек, следуваат Сарај, па Теарце – детална анализа на „360 степени“;
-Како е можно државата да остане со празни раце од помпезно најавуваната конфискација на 17 милиони евра од „Трансмет“ на Сеад Кочан: Едни посочуваат на законска дупка, други на дупка во постапувањето на институциите;
-По реизборот за лидер, Зијадин Села не гледа причина за голема промена во политичката платформа на Алијанса за Албанците; Има и сопартијци што сметаат дека требаше да замине од шефовското место;
-Што презема Северна Македонија за легализација на неформалните ромски населби – слика од Виница;
-„Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.