Новата рунда преговори меѓу Русија и Украина, кој е договорена да се случи денеска во Истанбул, најверојатно сепак ќе се премести за утре, бидејќи членовите на украинската декларација се соочуваат со „логистички тешкотии да пристигнат во Истанбул“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека преговорите со Украина би можеле да се одржат и во Белград, како и дека покрај Истанбул, каде што веќе е догорен состанок, тие се подготвени да разгледаат и други локации за преговори, вклучувајќи го и Белград.
„Белград со својот статус, како град и точка на гледишта во целост одговара за какви било преговори и на сите ниво“,
рече Лавров во интервју за српските медиуми.
Тој, сепак, истакна дека местото на преговорите треба да биде прифатливо и за едната и за другата преговарачка страна.
„Трипати водевме директни разговори во Белорусија, а потоа имавме пауза, бидејќи поради технички причини не можеше да има директни разговори. Сега е постигнат договор за состанок во Истанбул“,
наведе Лавров.
Истакна дека Русија е подготвена да разгледа и други опции за преговори, вклучувајќи го и Белград.
Инаку, новата рунда преговори меѓу Русија и Украина, која е договорена да се случи денеска во Истанбул, најверојатно сепак ќе се премести за утре, бидејќи членовите на украинската декларација се соочуваат со „логистички тешкотии да пристигнат во Истанбул“.
„Сè уште сме на пат. Поради логистички тешкотии, нашето пристигнување се очекува прилично доцна“,
изјави Давид Арахамија од украинската мировна делегација.