Во соопштението на СЕФ со седиште во Швајцарија се вели дека е донесена одлука со која му се забранува на рускиот претседател Владимир Путин да учествува во сите активности на Форумот
Светскиот економски форум, кој организира многубројни средби на кои учествуваат бизнисмени, амбасадори, претседатели и премиери на држави од целиот свет, одлучи да ги замрзне сите односи со Русија поради нападот на земјата врз Украина.
Во соопштението на СЕФ со седиште во Швајцарија се вели дека е донесена одлука со која му се забранува на рускиот претседател Владимир Путин да учествува во сите активности на форумот.
„Нема да имаме односи со некој кој е санкциониран и ги замрзнавме односите со руските субјекти“,
изјави портпаролката на СЕФ, Аманда Русо, за „Политико“.
Путин и поранешниот руски премиер Дмитриј Медведев петпати беа учесници на самитот на СЕФ од 2007 до 2021 година.