Сите дуќани и аптеки се ограбени и без дотур на гас, а температурата во текот на ноќта се очекува да падне до -5 целзиусови степени, поради што тимот на МКЦК предупредува дека луѓето веќе се разболуваат
Многу луѓе во опколениот украински град Мариупол се без храна за своите деца, предупреди Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).
Исто така, тие тврдат дека нема вода и греење во градот каде што повеќе од 400 000 луѓе се под опсада на руските сили повеќе од една недела.
Тимот на МКЦК во Мариупол вели дека луѓето таму сега се борат меѓу себе за храна.
Сите дуќани и аптеки се ограбени и без дотур на гас, а температурата во текот на ноќта се очекува да падне до -5 целзиусови степени, поради што тимот на МКЦК предупредува дека луѓето веќе се разболуваат.
Дека на Украинците очајно им треба храна и вода, за Би-би-си жена потврди и Кристина Катракис, амбасадорка на Целите за одржлив развој на ОН, која ја координира хуманитарната помош во Украина.
Таа вели дека нејзиниот тим секој ден возат до границата на Украина со Романија за да земат хуманитарна помош, а потоа ја дистрибуираат до жариштата и отсечените градови и села во Украина.
Но, таа вели дека голем дел од помошта не доаѓа до областите кои се најмногу отсечени и погодени од конфликтот поради опасноста за оние што ја транспортираат.
„Потребата е огромна. Потребата за храна, вода е на највисоко ниво, а исто така и потребата од заштитна опрема бидејќи имаме војници и територијални чувари. Тие немаат елек, немаат шлем, немаат опрема за ноќно следење“,
вели Катракис.