Јовески и Ацески потпишаа Меморандум со кој двете институции се обврзуваат да дејствуваат заеднички во насока на обезбедување суштествени информации поврзани со ревизорските наоди, даденото ревизорско мислење и препораките
Јавниот обвинител на Северна Македонија Љубомир Јовески и главниот државен ревизор Максим Ацевски потпишаа Меморандум за зајакнување на меѓуинституционалната комуникација на Јавното обвинителство и на Државниот завод за ревизија.
Целта на документот е подобрување на квалитетот и начинот на меѓусебната соработка и комуникација заради навремено, целисходно и ефикасно постапување по утврдените состојби во конечните ревизорски извештаи.
Со потпишување на Меморандумот двете институции се обврзуваат да дејствуваат заеднички во насока на обезбедување навремена, непосредна и отворена комуникација со која ќе се обезбедат суштествени информации поврзани со ревизорските наоди, даденото ревизорско мислење и препораките содржани во ревизорските извештаи, информираат од Обвинителството.
Потписниците на Меморандумот се обврзуваат целокупната меѓуинституционална комуникација да ја остваруваат согласно законските надлежности и врз основа на принципите на доверливост и взаемна почит, се наведува во информацијата.