Оваа компанија изрази жалење што купила пратка руска нафта минатата недела по најниски цени
Нафтениот гигант „Шел“ објави дека веднаш ќе ги запре сите набавки на руска сурова нафта и ќе ги затвори своите бензински пумпи, станиците за гориво за авијација и масла во Русија.
Се вели дека повлекувањето од другите видови соработка со Русија ќе биде направено во фази, усогласен со новите насоки на раководството.
Оваа компанија изрази жалење што купила пратка руска нафта минатата недела по најниски цени.
„Свесни сме дека нашата минатонеделна одлука да купиме руска сурова нафта за да се рафинира во производи како бензин и дизел – и покрај тоа што беше донесена во прв ред за осигурување на резервите – не беше правилна и ние се извинуваме за тоа“,
изјави извршниот директор Бен ван Берден.
Неколку големи меѓународни компании се повлекоа од Русија по нејзината инвазија на Украина.
Цените на горивото достигнаа екстремно високи цени по нападот.
Русија предупреди дека може да го затвори својот главен гасовод кон Германија доколку Западот продолжи со санкциите и ја забрани руската нафта, објави Би-би-си.
Вицепремиерот Александар Новок рече дека таквиот потег ќе доведе до „катастрофални последици“ за глобалната понуда и ќе доведе до двојно зголемување на цената на нафтата до 300 долари за барел.
САД и сојузниците разгледуваат потенцијална забрана за руската нафта како начин да ја казнат Русија за нејзината инвазија на Украина. Но, Германија и Холандија вчера го отфрлија планот.