Со почеток од 14 часот, денеска на Плоштадот Македонија во Скопје ќе се одржи протест на Украинците кои живеат во земјата, а кои повикаа на марш против руската инвазија во Украина.
„Ги повикуваме сите свесни луѓе да го изразат својот револт против војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина и да се приклучат на протестниот марш“,
велат од Здружението на Украинците „Лесја Украинка“.
Како што соопшти „Лесја Украинка“, на Плоштадот секој ден ќе се собира хуманитарната помош за Украина.