Единственото нешто што може да е полошо од војната која е ограничена на Украина е тоа таа а ескалира уште повеќе и да оди подалеку, рече американскиот државен секретар во интервју за Би-би-си

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, во интервју за Би-би-си кажа дека е убеден оти Украина може да ја добие војната против Русија со текот на времето.
Тој вели дека не може да каже колку долго ќе трае војната, но потенцираше дека поразот на Украина не е неизбежен.
Според Блинкен, тежината на руската војска ја надминува онаа на украинската, но тој од друга страна му оддава почит на украинскиот народ за решителноста поради што очекува дека со текот на времето ќе стане јасно дека Москва не може да го потчини овој народ.
„Ако намерата на Москва е да се обиде да ја собори Владата и да инсталира свој марионетски режим, 45 милиони Украинци тоа ќе го отфрлат на еден или на друг начин“,
вели Блинкен.
Државниот секретар ја изрази и загриженоста од ризикот за ескалација.
„Единственото нешто што може да е полошо од војната која е ограничена на Украина е тоа таа а ескалира уште повеќе и да оди подалеку“,
рече Блинкен.