Протестот почнал со пуштање на химните на Србија и Русија, а демонстрантите носеле руски и српски знамиња, скандирајќи пароли како: „Русија, Русија“; „Србите и Русите браќа засекогаш“, „Предавство, предавство“
Братислава, Франкфурт, Прага, Лион, Тбилиси, Виена и Вилнус, беа дел од европските градови каде вечерва се протестираше против руската агресија и за поддршка на Украина. На насобраните граѓани низ Европа преку платформата Зум им се обрати и украинскиот претседател Володимир Зеленски кој се заблагодари и повика на протести во европските градови бидејќи, како што рече, „ако падне Украина, ќе падне и Европа“
Додека во повеќе европски градови вечерва се протестираше за поддршка на Украина, во Србија се одржа голем проруски протест за поддршка на рускиот претседател Владимир Путин.
Стотици граѓани вечерва се собраа кај споменикот на Николај Втори во Белград за да искажат поддршка за рускиот народ и да го искажат револтот против воведувањето санкции против Русија. Оттаму, тие се упатија и кон руската амбасада.
Како што јавува агенцијата „Бета“, собирот го организирале неколку десничарски организации, а пред демонстрантите се обратил и еден од организаторите, познат како водач на „Народните патриоти, Дамнјан Кнежевиќ.
Тој им порачал на „Си-ен-ен, Би-би-си и РТС дека „русофобијата во Србија е статистичка грешка“ и дека „на секој Србин, Русинот му е брат“.
Обраќање имал и професор од правниот факултет во Косовска Митровица, Дејан Мировиќ, кој рекол дека граѓаните се собрале не само за да го поддржат рускиот народ, туку и да потсетат дека веќе 14 години Русија не дозволува „таканареченото Косово да влезе во Обединетите нации“. Тој го прозвал и српскиот амбасадор во ОН зошто гласал за резолуцијата за осуда на Русија, велејќи дека зад тоа стои претседателот Александар Вучиќ.





На собирот се обратил и лидерот на десничарската организација „Образ“, Младен Обрадовиќ, кој рекол дека „Русија го ослободува целиот свет од НАТО-заканите“ и дека „Путин покажал кој е најјак и најхрабар државник на светот“.
Протестот почнал со пуштање на химните на Србија и Русија, а демонстрантите носеле руски и српски знамиња, постери со ликот на Путин, а скандирале пароли како: „Русија, Русија“; „Србите и Русите браќа засекогаш“, „Предавство, предавство“.
#trenutno sa prozora kanca pic.twitter.com/QRQsAhz85K
— Aleksa Andjelkovic (@andjelkoviclaw) March 4, 2022
Братислава, Франкфурт, Прага, Лион, Тбилиси, Виена и Вилнус, беа дел од европските градови каде вечерва се протестираше против руската агресија и за поддршка на Украина. На насобраните граѓани низ Европа преку платформата Зум им се обрати и украинскиот претседател Володимир Зеленски кој се заблагодари и повика на протести во европските градови бидејќи, како што рече, „ако падне Украина, ќе падне и Европа“.
„Првата минута од ова обраќање ќе биде минута молк за сите оние кои загинаа во борбата за својата земја, за нашите војници, за сите оние кои прават херојски дела бранејќи ја нашата земја, за оние кои ги дадоа своите животи … Им посакувам сè најдобро на народите во Европа. Нашите војници, нашите херои, овие денови ја штитат нашата Украина, нашата Европа и вашата Европа“,
рече Зеленски.
Зеленски го искористи последниот дел од своето обраќање за да вети победа во војната, која ја нарече „победа на Украина и победа на демократијата“.
„Сакам да ве повикам да не молчите. Сакам да излезете на улиците на вашите градови и да ја поддржите Украина, да го поддржите нашиот напредок и нашата борба, бидејќи ако Украина падне, и Европа ќе падне. Ако ние паднеме, ќе паднете и вие, затоа немојте да молчите и не ја вртете главата … Излезете и поддржете ја Украина колку што можете повеќе. Ако победиме, а сигурен сум дека ќе победиме, тоа ќе биде победа за целиот демократски свет. Тоа ќе биде победа за нашата слобода. Тоа ќе биде победа на светлината над темнината, слободата над ропството. Ако победиме, ќе напредуваме како Европа, а Европа ќе напредува повеќе од кога било по таа славна победа. Слава на Украина“,
порача Зеленски.