Британски „Тајмс“ претходно објави дека рускиот претседател Владимир Путин испратил група од околу 400 платеници од т.н. група Вагнер да го убијат украинскиот претседател Володимир Зеленски
Британскиот весник „Тајмс“ информира дека украинскиот претседател Володимир Зеленски преживеал најмалку три обиди за атентат во последните денови.
„Тајмс“ неодамна објави дека платеници од т.н група Вагнер и чеченски специјални сили биле испратени да го елиминираат Зеленски.
Весникот пишува дека за плановите за атентат на Украина ѝ дојавиле некои членови на руската Федерална служба за безбедност, кои се против војната и оти припадниците на групата Вагнер претрпеле загуби при нивните обиди да го убијат Зеленски.
„Неверојатно е колку е добро информиран тимот што го чува Зеленски“,
изјавил извор за „Тајмс“ додавајќи дека еден обид за атентат се случил во саботата и цитира изјава на Украина дека чеченските атентатори биле елиминирани во предградие на Киев.
Британски „Тајмс“ претходно објави дека рускиот претседател Владимир Путин испратил група од околу 400 платеници од т.н. група Вагнер да го убијат украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Групата Вагнер е приватна милиција која, според „Тајмс“, добила наредба од Владимир Путин да го убие Зеленски и 23 други украински владини функционери, што би ѝ олеснило на Москва да ја преземе контролата врз Украина. Станува збор за група високообучени платеници контролирани од Евгениј Пригожин, близок соработник на рускиот претседател кој често се нарекува „готвачот на Путин“. Тие наводно пристигнале пред пет недели и им биле понудени огромни суми пари за атентат на Зеленски.