Руската управа за цивилна авијација соопшти дека и таа воведува ограничувања за летови како реципрочна мерка
Рускиот министер за надворешни работи го откажа патувањето во Обединетите нации во Женева поради „антируските санкции“ наметнати од земјите на ЕУ, соопшти денеска руската мисија во Женева.
Лавров, кој требаше да се обрати пред Советот за човекови права на ОН и на Конференцијата за разоружување во вторник, го откажа своето патување „поради невидена забрана за неговиот лет во воздушниот простор на голем број земји на ЕУ кои воведоа антируски санкции“, објавија од Мисијата на Русија на Твитер.
И Русија од своја страна забранува летови на авиокомпании од 36 земји, вклучувајќи ги Велика Британија и Германија. Руската управа за цивилна авијација соопшти дека ги воведува ограничувањата како реципрочна мерка за забраната од европските држави за летови на цивилното воздухопловство управувано од руски авиокомпании или регистрирани во Русија.