Земјите членки на ЕУ најавија дека ќе примат украински бегалци и ќе го заобиколат вообичаениот процес за барање азил
Агенцијата за бегалци на Обединетите нации соопшти, според извештаите од терен, дека околу 422 илјади луѓе досега ја напуштиле Украина и заминале во соседните земји.
Портпаролката на Твитер објави дека УНХЦР го разгледува овој извештај во кој се посочува дека има случаи на блокирање на луѓето да влезат во возовите во Украина и да ја напуштат земјата.
Земјите членки на ЕУ најавија дека ќе примат украински бегалци и ќе го заобиколат вообичаениот процес за барање азил.
Повеќе од 100 000 луѓе сега се раселени во Украина, сметаат од УНХЦР.
