Според украинските медиуми, делегацијата ја предводат министерот за одбрана Алексеј Резников и пратеникот Давид Арахами, лидер на партијата на претседателот Володимир Зеленски
Украинската делегација пристигна на белоруската граница на мировни преговори со руската страна.
Според украинските медиуми, делегацијата ја предводат министерот за одбрана Алексеј Резников и пратеникот Давид Арахами, лидер на партијата на претседателот Володимир Зеленски.
Амбасадорката на Украина во САД, Оксана Маркарова, вчера изјави дека Зеленски дефинитивно нема да биде дел од делегацијата во преговорите со Русија.
Таа за Си-ен-ен изјави дека украинскиот претседател останува да ја брани земјата. Го повика рускиот претседател да ја прекине војната и рече дека Украина ќе испрати делегација на преговорите. Амбасадорката додаде дека Украина е секогаш подготвена за разговори, но дека не е подготвена да се предаде.
Зеленски вчера изјави дека не очекува разговорите да дадат некакви резултати.
„Како и секогаш: Јас навистина не верувам во исходот од оваа средба, но нека се обидат“,
рече тој.
„Местото за разговори меѓу Русија и Украина во Белорусија е подготвено, се очекува пристигнување на делегациите“,
соопшти утрово белоруското Министерство за надворешни работи на социјалните мрежи објавувајќи слика од долга маса со руски и украински знамиња.