Ваквата наредба Путин ја оправдува повикувајќи се на агресивните изјави од западните лидери
Рускиот претседател Владимир Путин, на состанок со министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов, нареди руските воени сили за одвраќање, вклучително и единиците со нуклеарно оружје, да бидат ставени во состојба на висока готовност.
Ваквата наредба Путин ја оправдува повикувајќи се на агресивните изјави од западните лидери.

„Како што можете да видите, не само што западните земји преземаат непријателски мерки против нашата земја во однос на економијата – мислам на незаконските санкции за кои сите многу добро знаат, туку и првите луѓе на водечките земји во НАТО си дозволуваат да даваат агресивни изјави против нашата земја“,
вели Путин во обраќањето, кое го пренесува „РИА новости“, но и повеќе западни медиуми.
„РИА новости“ наведува дека во документот на веб-страницата на руското Министерство за одбрана е наведено дека овие стратешки единици „се дизајнирани за да ја одвратат агресијата против Русија и нејзините сојузници, како и да го поразат агресорот, вклучително и во војна со употреба на нуклеарно оружје“.