За време на контролата се регистрирани и 133 други прекршоци, соопштува МВР
Сообраќајната полиција вчера во периодот од 9 до 14 часот казнила вкупно 310 пешаци на територија на цела држава. Од нив, 217 пешаци се казнети за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 77 за минување на црвено светло.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, од вкупниот број на казнети пешаци, 141 се на територија на СВР Скопје, 36 на територија на СВР Охрид, по 34 на територија на СВР Тетово и на територија на СВР Битола.
За време на контролата се регистрирани и 133 други прекршоци, соопштува МВР.