Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што ноќеска половина час по полноќ се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево во близина на селото Подмоље.
До несреќата дошло при судир на две патнички моторни возила со охридски регистарски таблички, и тоа „aуди“ управувано од М.Л. (24) од селото Белчишта и „фолксваген поло“, управувано од Х.К. (30) од Охрид.
Во судирот на самото место загинал 30-годишниот Х.К., додека со тешки телесни повреди М.Л. со возило на Службата за итна медицинска помош е префрлен на интервенција во Специјалната болница за ортопедија и травматологија „Свети Еразмо“.
По наредба на јавен обвинител, врз телото за загинатиот ќе биде извршена обдукција, додека паричните за несреќата ќе ги даде истрагата.