Патниците можат да влезат во сите земји освен Западна Австралија, која останува затворена до 3 март

Странските туристи, како и оние што патуваат поради работа, денеска по две години од забраната повторно влегуваат во Австралија, земјата во која важеа некои од најстрогите епидемиолошки мерки.
Денеска во Сиднеј многу семејства повторно се обединија кога стотици почнаа да пристигнуваат со летови.
Посетителите со две дози од вакцината ковид-19 не мора да бидат ставени во карантин, но невакцинираните патници мора да бидат изолирани во хотел до 14 дена на сопствен трошок. Патниците можат да влезат во сите земји освен Западна Австралија, која останува затворена до 3 март, а за влез во земјата ќе биде потребен доказ за трите добиени вакцини.
„Какви прекрасни, прекрасни вести за нашата туристичка индустрија и 660 000 вработени во неа“,
рече министерот за трговија, туризам и инвестиции Ден Техан.

Во 2019 година Австралија имаше околу 9,5 милиони странски посетители.
Техан рече дека се надева на силно закрепнување во туристичкиот сектор, кој исто така е погоден од домашните забрани за патување.